Sonicare HX9192/01 User Manual Page 244

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 280
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 243
Внимание
- Не чистете ја главата на четката, рачката, полначот, капакот на
полначот и/или стерилизаторот во машина за миење садови.
- Ако сте имале орална хируршка интервенција или операција
непцата во претходните 2 месеци, консултирајте се со
стоматологот пред да ја користите четката за заби.
- Консултирајте се со стоматологот ако настане прекумерно
крвавење по користењето на четката за заби или ако
крвавењето продолжува да се појавува по користење од една
недела. Исто така, консултирајте се со стоматологот ако
чувствувате неудобност или болка кога ја користите Philips
Sonicare.
- Четката за заби Philips Sonicare е во согласност со
безбедносните стандарди за електромагнетни уреди. Ако
имате пејсмејкер или друг имплантиран уред, контактирајте со
лекарот или производителот на имплантираниот уред пред
употребата.
- Ако имате прашања од медицинска гледна точка,
консултирајте се со доктор пред да ја користите четката Philips
Sonicare.
- Овој уред е дизајниран само за чистење заби, непца и јазик.
Не користете го за ниту една друга намена. Престанете да го
користите уредот и контактирајте со лекар ако почувствувате
непријатност или болка.
- Четката за заби Philips Sonicare е уред за лична нега и не е
наменет за користење на повеќе пациенти во стоматолошка
ординација или институција.
- Престанете да ја користите главата на четката со згмечени
или извиткани влакна. Менувајте ја главата на четката на
секои 3 месеци или порано ако се појават знаци на абење.
- Не користете други глави на четка освен оние што ги
препорачал производителот.
- Ако пастата за заби содржи пероксид, сода бикарбона или
бикарбонат (вообичаено за пастите за белење заби), темелно
исчистете ја главата на четката со сапун и вода по секоја
употреба. Ова спречува можно напукнување на пластиката.
244
Македонски
Page view 243
1 2 ... 239 240 241 242 243 244 245 246 247 248 249 ... 279 280

Comments to this Manuals

No comments