Sonicare HX9192/01 User Manual Page 253

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 280
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 252
Стерилизација
- Освен плакнењето на главата на четката со вода и сушењето
на воздух, можете да ја чистите главата на четката со УВ-
стерилизатор за оптимална чистота (Сл. 9).
Забелешка: УВ-стерилизаторот не е замена за плакнење на
главата на четката со вода, туку дополнување на плакнењето
со вода.
Откачете го стерилизаторот, престанете со употребата и
повикајте го Центарот за грижа на корисниците ако:
- УВ-сијалицата останува вклучена кога вратата е отворена.
- Прозорецот е скршен или отстранет од стерилизаторот.
- Стерилизаторот испушта чад или мириса на запалено додека
работи.
Забелешка: УВ-светлото може да биде штетно за човечките очи
и кожа. Овој уред треба да се чува подалеку од дофат на деца во
секое време.
1 По четкањето, исплакнете ја главата на четката и истресете го
вишокот вода.
Предупредување: Не ставајте го капачето за патување
врз главата на четката за време на стерилизацијата.
2 Ставете го прстот во процепот на вратата на врвот од
стерилизаторот и отворете ја вратата (Сл. 10) со влечење.
3 Поставете ја главата на четката на едно од двете колчиња на
стерилизаторот со влакната свртени кон сијалицата (Сл. 11).
Забелешка: Во стерилизаторот, чистете ги само главите на
четка на Philips Sonicare што се прикачуваат.
Забелешка: Не чистете ги главите на четката Philips Sonicare за
деца во стерилизаторот.
4 Проверете дали стерилизаторот е приклучен во штекер со
соодветна волтажа.
5 Затворете ја вратата и притиснете го зеленото копче за
вклучување/исклучување еднаш за да го изберете циклусот
на УВ-чистење.
253
Македонски
Page view 252
1 2 ... 248 249 250 251 252 253 254 255 256 257 258 ... 279 280

Comments to this Manuals

No comments